Осогово со две нови засилувања. Вкупно 11 нови фубалери годинава

 Со засилено темпо во финишот на преодниот рок, Осогово продолжува да ја комплетира екипата. Со Александар Игески и Дејан Велевски клубот доби фудбалери со прволигашко педигре.

Игески е голман на 25-годишна возраст кој есенскиот дел од полусезоната го мина во Гостивар. Овој чувар на мрежата неколку години наназад беше дел од Првата лига, настапувајќи за Металург и Хоризонт Турново, а бил дел и од Беласица, Локомотива и 11 Октомври.

Велевски е централен дефанзивец кој има 24 години, а кон „жолто-сините“ пристапува од тимот на Силекс. Исто како и Игески, така и Велевски важи за прволигашки играч кој покрај за тимот од Кратово има настапувано и за Младост Царев Двор, 11 Октомври, Пелистер, Новаци и Вардар Неготино.

Инаку, пријателскиот меч меѓу Осогово и Тиквеш, кој требаше да се одигра во Кочани, беше одложен поради лошите временски услови и спречување на потенцијални повреди на играчите.

SHARE

LEAVE A REPLY