Парите за несудениот карго аеродром кај Штип, ТАВ ќе ги даде за градинки, училишта и патишта

Утврдени приоритетите кои ќе се градат и реконструираат со парите кои како отштета за неизградениот карго аеродром кај Штип, ТАВ ќе треба ги и даде на Македонија. Станува збор за сума од 45 милиони евра, а деталите околу нивната исплата и инвестиција,  денес ги договориле македонскиот премиер Зоран Заев и првите луѓе на ТАВ:

„… Станува збор за инвестиции во градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и локални и регионални патишта, она што им е реално потребно на нашите граѓани. И јас сум искрено задоволен што од оваа инвестиција директна полза ќе почувствуваат граѓаните на Република Македонија, рекол на средбата премиерот Заев, кој од вчера престојува во посета на Турција.

Ваквиот развој на настаните следува, откако 10 годишните мерења на силината и правецот на ветерот на локацијата каде што требаше да се гради аеродромот, покажале дека услови за полетување и слетување на авиони –  таму нема.

Станува збор за околу 500 ХА кои своевремено важеа за најскапо експропреирано земјоделско земјиште. Истото сега повторно ќе им се враќа на земјоделците, овој пат под закуп:

  • Намената на тоа земјиште беше друга, истото е експропреирано, но нашата интенција е целокупното земјоделско земјиште да го ставиме во функција, кажа Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Инаку, кога се даваше под концесија скопскиот аеродром, ТАВ ја доби концесијата меѓу другото и поради гаранцијата за изградба на карго аеродром кај Штип.

SHARE

LEAVE A REPLY