Пробиштипјанец уценувал, крвнички тепал и се обидел да силува девојка од 18 години

Пробиштипјанец  уценувал, крвнички тепал и се обидел да силува  девојка од 18 години. Хорор ноќта младата штипјанка ја преживеала синоќа, кога под закана дека ќе и дојде дома и пред родителите ќе и направи големи проблеми, ја намамил да дојде кај него. Уште од вратата се нафрлил на девојката во обид да ја принуди на секс, но откако таа се спротиставила, почнал вистинскиопт пекол за неа. Ја фатил за коса и неколку пати и ја удрил главата од ѕидот, а потоа продолжил да ја тепа со тупаници по главата и телото.

За среќа, девојката успеала да побегне и да побара лекарска помош, по што случајот е пријавен и во полиција:

  • Д.Н. бил приведен и задржан во СВР Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“, казниво по член 186 во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Колку долго напаѓачот и девојката се познавале и во каков однос биле , дополнително треба да утврди истрагата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

SHARE

LEAVE A REPLY