100 дена Благој Бочварски градоначалник. Се пофали со поевтина вода и почнати многу проекти за Штип

100 дена живот за сите во Штип. Вака, во една реченица беше срочена работата на градоначалникот Благој Бочварски, за првите 100 дена работа откако седна на функцијата.

Се работело отворено, напорно и домаќински, кажа Бочварски на денешниот отчет. Меѓу другото, беа спомнати обезбедените средства за изградба на детска градинка, зачувување на споменот на Киро Глигоров, градење и обнова на инфраструктура, како и преземање итни чектори за решавање на сообраќајниот хаос.

Освен ова, се намали и цената на водата за пиење :

  • Ги направиме сите анализи дека граѓаните на Штип можат да плаќаат помали сметки за вода. Ветивме 10% намалување, но по анализите дојдовме до 5% намалување на цената на водата во 2018-та година и 5% намалување наредната 2019-та, изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Паралелно се работи и на убрзување на процесот на гасификација, за Штип да биде следниот гасифициран град во државата :

  • Веќе во наредните денови ќе биде распишан оглас за јавна набавка за фирма којашто ќе ги изработи сите потребни проекти и верувам дека до крајот на оваа година ќе успееме да ги добиеме сите потребни проекти, кажа Бочварски.

Напорно се работело и на изградба на брана на реката Отиња, голем и капитален проект, од клучно значење за Штип :

  • Веќе утре имам средба со професори од Градежен факултет, со претставници од Градежниот институт, преставници на Министерството за земјоделство, претставници на Водостопанство, кадешто ќе влеземе во фаза на реализација за изработка на сите проекти коитшо ни се потребни дополнително, дополни Бочварски.

Меѓу реализираното изминатиов период, се спомна и планот за јавен градски превоз, подготовката на прифатилиште за бездомни животни, активно учество на дебати, како и постапка за формирање на Солидарен фонд во Штип.

SHARE

LEAVE A REPLY