ВИДЕО: Објавена снимка од дрон која ја покажува локацијата на уривање на рускиот авион !

Истражителите заклучија дека патничкиот авион „Ан-148“, кој се сруши недалеку од Москва не ескплодирал во воздух, туку при ударот во земја, изјави портпаролката на руската Истражна комисија, Светлана Петренко.До сега се пронајдени 700 делови од тела а потрагата и идентификацијата продолжува.

Еден ден откако руски авион се урна во близина на Москва, рускиот Истражен комитет објави видеоснимка од местото на несреќата, на која од воздух се гледа степенот на трагедијата.Видеото го прикажува снежниот пејзаж по кој се расфрлани остатоците од паднатиот авион. Може да се видат и камионите на спасувачките тимови што работат на локацијата.

Видеото го прикажува снежниот пејзаж по кој се расфрлани остатоците од паднатиот авион. Може да се видат и камионите на спасувачките тимови што работат на локацијата.

Авионот на „Саратов ерлајнс“ на летот 703, Антонов Ан-148, се урна во близина на селото Аргуново, на околу 80 километри југоисточно од Москва, кратко време по полетувањето од меѓународниот аеродром Домодедово.

Авионот, упатен кон Орск, град на границата меѓу Русија и Казахстан, превезувал 65 патници и шест члена на екипажот.

LEAVE A REPLY