Ципрас ги постави финалните услови: Едно име за секаде и дефинтивно промена на Уставот на Македонија !

Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, најави вчера Ципрас на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА.

Без превод на грчки јазик, името Горна Македонија, како што се изговара на македонски, е прифатливо решение за Ставрос Теодоракис, лидерот на грчката партија Река. Тој се обратил пред членовите на највисокиот орган на движењето на трибината на тема „Времињата бараат храброст и одговорност“.

Македонија мора да прифати такво име кое ќе стави крај на нашиот спор. Ова го најави грчкиот премиер Алексис Ципрас на партискиот состанок на СИРИЗА

Според неговите зборови , тоа мора да биде такво име кое не е во спротивност со грчката позиција, што тој го повтори. За таа цел, Скопје мора да се откаже од имињата и историјата што не му припаѓаат.

Повеќе од 25 години, Македонија и Грција не можат да го разберат името, но двете земји ветуваат дека ќе го решат спорот до лето. Спорот ја спречува Македонија да влезе во НАТО и секако во ЕУ.

Преговорите меѓу Македонија и Грција беа обновени на 12 декември минатата година во Брисел, кога со медиајторот Нимиц се сретнаа преговарачите Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

На последната рунда разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.Медијаторот кон крајот на минатиот месец ги посети Атина, а потоа и Скопје, каде имаше одвоени средби со грчкиот и македонскиот државно-политички врв.

LEAVE A REPLY