Природа и здравје – Лекови против вагинална кандидијаза

 Белиот исцедок од вагината , најчесто предизвикан од габичката кандида, е чест проблем кај женската популација. За да се реши овој проблем задолжителна е консултација со гинеколог, но за „прва помош“ има неколку народни рецепти.

Можете да направите супа од диња, па 20 капки од неа да измешате со 30 г вода од роза.

Подготвената мешавина внимателно се нанесува во вагиналниот отвор и се остава да делува цела вечер.

Ако ова Ви изгледа опасно и несигурно, направете вагинално плакнења со јаболков оцет, но прво треба да го разредите со 1 литар млака вода, односно во оваа количина вода да додадете 5 супени лажици оцет. /графика/

Народната медицина советува и користење на лук при проблеми со бел исцедок.

Потребни се 1-2 чешниња лук. Прво се чистат, се мелат што е можно поситно, па се ставаат во газа, така – како да се добие форма на тампон.

Препорачливо е тампонот да се стави неколку последователни ноќи и да се преспива со него.

SHARE

LEAVE A REPLY