Природа и здравје – Со оригано до подобро здравје

Ако се каже оригано, веднаш би помислиле на пица. Но, ориганото како растение има огромна моќ – особено кај жените кои имаат хормонален дисбаланс. Чајот од оригано го намалува стресот и нервозата.

Еве како да го подготвите:

  1. Ставете ја водата да зоврие.
  2. Истурете го ориганото во врелата вода.
  3. Покријте и оставете да отстои 10 минути.

Последен чекор – уживајте во аромата!

За третман на настинки од оригано се прави силен чај: 2 лажици суво оригано во 300 ml. вода. За смирување на нервите 1 лажица оригано се става во чаша врела вода и се остава да отстои 30 минути.

Можете да ставите суво оригано во спалната соба во близина на перницата – ќе Ве опушти и релаксира.

SHARE

LEAVE A REPLY