Природа и здравје – Оризова вода и морков против гастритис

Тежина, стомачна болка, желудечна киселина – тие се вистински придружници на болеста гастритис.

За домашни рецепти кои помагаат при оваа болест имаме зборувано и претходно, но народната медицина е неисцрпна, па Ви презентираме уште два кои ќе дадат позитивен резултат за само еден месец.

Користете вода од ориз или уште позната како оризова вода.

Оризот е природен извор на витамини и минерали, а неговите компоненти добро влијаат на состојбата на гастроинтестиналниот тракт. Во терапевтската исхрана за болестите поврзани со дигестивниот систем, оризот е составен дел на секојдневната исхрана и оризовата супа во целина е неопходна при гастритис.

Ќе помогне и сокот од морков. Многу приврзаници на традиционалната медицина користат свежо подготвен сок од моркови, за да ја намалат киселината во желудникот и да се ослободат од симптоми на гастритис.

Докторка од Русија советува да се зема сокот од моркови наутро на празен стомак и навечер пред  јадење. Процесот на лекување не е ограничен и може да трае колку што е потребно.

SHARE

LEAVE A REPLY