Природа и здравје – Помош при пролетни алергии

Со нетрпение ја очекуваме пролетта за конечно да се збогуваме од зимските денови кои покрај студот ни донесоа многу вируси, бактерии – настинка, грип. Но, пред да почнеме да ја замислуваме пролеттната идила не треба да заборавиме на пролетните алергии кои овој идиличен период можат да го претворат во хорор.

Симптомите кои ги мачат алергичните во овој дел од годината се кивавица, солзи во очите и гребење на грлото. Без грижа, народната медицина има „чаре“ и за ова.

Можете да си помогнете со камилица.

Со антивоспалително дејство камилицата помага кај сувите очи. Држeте вреќички чај од камилица на очите 3-5 минути и  повторувајте ја постапката неколку пати во денот. Симптомите од алергијата како подуени и насолзени очи ќе бидат ублажени.

Во пролетниот  алергиски „хорор“ помага и копривата.

Таа има благотворно дејство на надразнетите очи и кивавицата, а за да ги ублажите симптомите на подолг временски период земајте таблети од коприви или чај од сушени листови.

Пролетната алергиска агонија ќе ја сузбиете и со помош на  нане, кое е одличен лек за затнати дишни патишта. Во текот на денот доволна е една инхалација од 10 минути за да почувствувате подобрување.

SHARE

LEAVE A REPLY