Актуелниот директор на “Исар“ маваше со дрвја и камења по својот претходник за набавка на метли. Сега ќе купува 1.000 броја повеќе, обвини ВМРО ДПМНЕ

Актуелниот директор на “Исар“ маваше со дрвја и камења по својот претходник за набавка на метли. Сега ќе купува  1.000 броја повеќе, обвини ВМРО ДПМНЕ:

  • Актуелниот директор на ЈП Исар, со висок тон на критицизам ја осудуваше работата на неговиот претходник. Критиките беа насочени не само кон работата, туку и кон количината на стоките набавени со јавни набавки. Имено, Живко Тасев го обвинуваше неговиот претходник за големата количина набавени метли или, зошто еден вработен во ЈП Исар трошел по 1,2 метли дневно. Истиот тој, за неполни три месеци, повторно набавува метли. Апсурдот да биде уште поголем, новиот директор за 2018 година набавува 8000 метли, или да се изразам во негов стил – по 1,3 метли дневно за секој вработен. За спорните метли, директорот на ЈП Исар ќе потроши 400.000 денари, а во споредба со претходниот тендер за метли, дури 50.000 денари повеќе пари на граѓаните, изјави Игор Ефтимов, портпарол на ВМРО ДПМНЕ – Штип.

За метлите на „Исар“ од ВМРО бараат и инспекциски контроли:

  • Случајот со метлите беше толку скандалозен за СДС, што повикаа и инспекција во Јавното претпријатие. Затоа, сега се поставува прашањето, зарем не треба повторно инспекција да го „прочешла“ ЈП Исар, истакна Ефтимов.

На обвинувањата од ВМРО, од „Исар“ реагираа со писмено соопштение:

„ За спомената постапка за јавна набавка на метли која е во тек  ВМРО ДПМНЕ се служи со лаги и манипулации. За информација на граѓаните претходната година се набавени 7.000 метли и се потрошени за 9 месеци за кои се платени 350.000 денари.  Сега во тек е постапката за набавка на 8.000 метли со проценета вредност од 250.000 ден. а не 400.000 денари како што е објавено во јавноста.

Исто така би сакале да посочиме дека спроведување на постапка не значи и набавка. Набавката ќе зависи од потребите на претпријатието. Очигледна е разликата и во количината и во износот. По спроведувањето на постапката и граѓаните и ДПМНЕ ќе ги информираме колку метли ќе бидат набавени и колку ќе бидат платени.“, стои во реакцијата од ЈП „Исар“.

 

SHARE

LEAVE A REPLY