Владата си вработи шофер само за „во гаража“ ?!

Експерти, ПР советници, кувари и келнери се дел од огласите за нови работни места во Владата на РМ кои кренаа прашина изминатите месеци. Но, и покрај медиумскиот осврт и критики во јавноста, Владата продолжува со проблематични вработувања. Последниот во низата бисери е вработување на шофер само за „гаража“ ?

Според дописот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, избрани се четири возачи на лично располагање, тројца келнери и еден возач во гаража? Прашање е само колку овие лица навистина ќе се вработени или станува збор за партиски тркачи кои за својот ангажман ќе бидат плаќани од државната каса.

Возачот во гаража е извесен Фестим Рушани кој е особено активен на фејсбук каде што поставува редовно фотографии во друштво со членови на раководството на социјалдемократите и објави со поддршка за шефот на МВР Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев.

Пред изборите, сегашната власт тврдеше дека администрацијата е преполна а сега од позиција на власт се вработуваат нови административци како да се премалку. Згора на се, пред некој ден слушнавме дека 1600 лица според рамковниот кончено ќе тргнат на работа.

Каде плови овој брод ?!

LEAVE A REPLY