Доцни изградбата на новата клиничка болница во Штип

Доцни изградбата на новата клиничка болница во Штип. Ова го констатирал министерот за здравство Венко Филипче при неговите контроли на терен:

  • Причина за доцнењето се временските услови, но исконтактиравме со изведувачот и добивме верување за една забрзана градба и надополнување на изгубеното време, истакна Венко Филипче, министер за здравство.

Според проектот, објектот треба да биде на 8 нивоа со вкупна  површина  од 34.000 м/2 . Во истиот ќе бидат сместени сите одделенија, амбуланти, специјалистички амбуланти и ургентен центар. Болницата ќе има комплетно воспоставен систем  кој ќе ги контролира целосно електриката и машинството на објектот и директно ќе биде поврзан со системот за менаџирање на болничките соби.

Самата градба чини 30 милиони евра, а  дополнителни 16 милиони се предвидени за опремување на болницата.

Изградбата на клиничката болница почна во март 2016 година. Според  планираното, изгрдабата требаше да заврши во период од две години.

 

SHARE

LEAVE A REPLY