Осогово со најубедлива победа меѓу второлигашите

  1. коло од Втората лига Исток помина без особени изненадувања. Со најубедлива победа дома во Кочани славеше Осогово со головите на Велевски во 31., Паунов во 33., Жоглев во 68. и Петров во 88. минута за конечните 4:0 против екипата на Победа од Валандово.

Брегалница во Радовиш славеше над Плачковица со 0:1 со голот на Лазар Илијев во 10. минута од натпреварот.

Во Струмица Беласица очекувано беше посилна од Борец со 2:0. Кавадаречки Тиквеш беше посилен од Кожуф, но натпреварот помина во возбудлива атмосфера со головите на Ристовски за Кожуф и Симјановски и Стојанов за Тиквеш.

На табелата прва е Беласица со 36 бодови, пред Брегалница, Борец и Кожуф. Тиквеш е на петтата позиција, пред екипите на Плачковица, Каменица Саса и Осогово. На последната позиција е валандовска Победа со 10 бодови.

SHARE

LEAVE A REPLY