Шкендија и Ренова единствени победници во последното прволигашко коло

  1. коло од Првата македонска фудбалска лига помина во знакот на ремијата. Од сите прволигашки дуели кои се случија викендов, излегоа само две победнички екипи – Ренова под водството на штипјанецот Влатко Костов и Шкендија, најголемиот претендент на прволигашкиот трон.

Дуелите меѓу ФК Скопје и Вардар и оној меѓу Победа и Академија Пандев завршија без ниту еден постигнат гол. Екипите на Силекс и Шкупи, пак, постигнаа по еден гол, со Маркос во 11 минута за Силекс и Илијоски во 42. за Шкупи.

Работнички загуби од Шкендија со 0:2, а натпреварот го одбележа и црвениот картон за Трајчевски во 51. минута, па работниците вториот гол го примија со играч помалку на теренот.

Додека Ренова славеше над Пелистер со 1:0 со единствениот гол на Нафиу во 57. минута.

SHARE

LEAVE A REPLY