Австралиските лабуристи на изборите на Македонците им се обратија на грчки јазик ?!

Македонците кои живеат и работата во Австралија, се силно разочарани и навредени затоа што на изборниот флаер од Лабуристичката партија , под графата Macedonian (јазик), на потенцијалните избирачи им се обраќаат на грчки јазик. Претставници на Светски македонски јазик вложја протестно писмо до претседателката на австралиските лабуристи:

„Во име на копретседателите на Светскиот македонски конгрес за Австралија, Џим Стефановски и Горан Котев, ви укажуваме дека Вашиот неодамнешен леток, кој е дистрибуиран до нас, е погрешен и дискриминаторски.„

Македонската заедница ја поддржа австралиската Лабуристичка партија на избори, а на големо разочарување, добивме изборен флаер на кој на грчки ни се обраќате под графата ,,македонски“.

Флаерот е напишан со грчкиот превод и поделен меѓу Македонците во изборната единица Батман. Многу е навредливо и дискриминаторски да се настапи со грчки превод на флаер, со оглед на тоа што македонскиот јазик е јазик на меѓународно призната земја, а постојат регистрирани австралиско- македонски НААТИ преведувачи за македонски јазик во Австралија.

Флаерот ги вознемири македонските емигранти, кои не читаат, зборуваат или пишуваат на грчки јазик и ова се смета за провокација од страна на австралиската Лабуристичка партија, високо дискриминаторски чин против значително австралиско малцинство.

„Веруваме дека ова не е во Ваше име, а преведувачот кој го заверил овој офанзивен провокативен превод, веднаш да го исправи со извинување до вашите локални гласачи и Македонската австралиска дијаспора“– стои до Лабуристичката партија од македонската дијаспора во оваа земја..

LEAVE A REPLY