ВИДЕО: Делови од Хрватска под вода…потоп во Карловац !

Според податоците на хрватските власти, прогласена е вонредна состојба во Хрватска Костајница, која ја поплави реката Уна.

Во Карловац утрово во седум часот нивото на реката Корана беше на 799 сантиметри со можност да се зголеми уште еден сантиметар. Прогласена е вонредна состојба. Реката Купа беше на 771 сантиметар.

Вонредна состојба е прогласена и на подрачјето на рекaта Лика во Селиште.Локалните медиуми пренесуваат дека жителите ноќта ја провеле стравувајќи.

Водниот бран и понатаму минува низ градот и борбата со надојдените реки сè уште трае.Поради поплавите, затворени се многубројни улици за сообраќај.

LEAVE A REPLY