За прв пат, општина Делчево објави јавен повик за доделување средства на спортски клубови и граѓански организации

За прв пат, општина Делчево објави јавен повик за доделување средства на спортски клубови и граѓански организации. Целта е, на транспарентен начин да се доделат општински пари на спортистите и невладиниот сектор и воедно да се зајане соработката на локалната самоуправа со нив :

  • Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2018 година кои се наменети зa финансиска помош согласно со Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани и согласно со критериумите утврдени во јавниот повик, истакна Ивана Ивановска, правник во Општина Делчево.

За тековната 2018-та година, од буџетот на општина Делчево за оваа намена се предвидени 1,6 милиони денари и аплицирањето за нив веќе започнува :

  • Ги повикуваат сите спортски и граѓански здруженија кои се  регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации од најдоцна до  28.03.2018година.Пријавата можат да ја најдат на официјалната  страница на Општина Делчево или во архивата на Општината, истакна Ивановска.

Од вкупните средства, за спортските клубови ќе бидат доделени 900.000 денари, додека за проекти на граѓанскиот сектор, општината ќе даде 700.000 денари.

SHARE

LEAVE A REPLY