„Катимерини“: Коѕијас се предомисли…не доаѓа во Македонија ! Преговорите за името висат !?

По силниот старт, разговорите меѓу владините претставници на двете земји во врска со спорот за името значително забавија, бидејќи Атина чека значајни отстапки од Скопје за клучните барања на Грција за промени во уставот на ПЈРМ, пишува денеска грчкиот весник Катимерини.

Според весникот, токму ваквото успорување на динамиката во преговорите ја одложило посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје, која беше долго најавувана и за време на која тој требаше да ја донесе грчката нацрт спогодба за решение.

Катимерини пишува дека Коѕијас сигурно неделава нема да оди во Скопје, бидејќи најавено е негово обраќање на Универзитетот во Бостон. Притоа весникот истакнува дека разликите што и натаму ги држат на далечни позиции официјалните претставници на Грција и на ПЈРМ, „може да значи дека патувањето нема да се случи до крајот на март“.

-И покрај тоа што ПЈРМ ги следеше ветувањата да направи симболични промени – како што се имињата на меѓународниот аеродром во Скопје и клучниот автопат – грчките претставници се загрижени поради отсуството на каква било промена во суштинските прашања, пишува весникот, додавајќи дека со внимание се следи посетата на високиот американски претставник Вес Мичел на Скопје, по најавите од Стејт департментот, дека за време на средбите ќе се разговара за преговорите за името.

Според весникот, најпроблематично е „континуираното одбивање од страна на премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев за ревизија на Уставот на неговата земја, што ги бара Грција поради стравувањата од иредентистички наводи“.

-Заев, наместо тоа, инсистираше на изготвување на меѓународен договор, истакнувајќи дека, во секој случај, неговата влада нема потребното парламентарно мнозинство да протурка какви било уставни измени.Грчките власти тврдат дека Заев може да ги убеди дополнителните пратеници да ги донесат уставните реформи, пишува Катимерини.

Што се однесува до главното прашање, во врска со името на името, според грчкиот весник, двете страни се чини дека се движат кон компромис во преговорите посредувани од Обединетите нации. Но, како што се истакнува, ваквите изгледи за отстапки поттикнаа големи јавни протести во двете земји.

LEAVE A REPLY