Кај штипски дилер на дрога полицијата нашла еден килограм марихуана

Кај дилер на дрога полицијата нашла еден килограм марихуана. Станува збор за лице од Штип на возраст од 45 години со иницијали Д.Д.

  • Пријавениот во месец март, заради продажба, од непознато лице за сума од 800 евра, неовластено набавил еден килограм марихуана, која ја однел и ја чувал во куќа во Штип.По претходно добиени оперативни сознанија за поседување поголема количина дрога и по обезбедена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен е претрес на куќата при што е пронајдена и одземена марихуана спакувана во најлонско ќесе со вкупна нето маса од 873,6 грама, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

На штипјанецот му е поднесена кривична пријава за неовластено пуштање во промет на наркотични дроги и му е одреден притвор во траење од 30 дена.

 

SHARE

LEAVE A REPLY