Нова шанса за Еразмус плус студирање

Денес, отворен ден на УГД по повод новиот конкурс за Еразмус плус мобилност. Оваа година, отворени се 60 места на 250 Европски партнер Универзитети.

  • Еразмус плус програмата за наредната година има доделено 60 места за студии и 30 места за пракса и околу 600.000 евра кои ќе бидат наменети за искористување во оваа програма. УГД има договори со 250 Универзитети од Европа, каде што студентите ќе можат да изберат и да заминат, изјави, Сања Стефанова, Еразмус плус координатор

Освен размена на образовно искуство во друга европска земја, студентите се стекнуваат и со обука на странски јазик во земјата каде што престојуваат.

  • Институциите каде што ги праќаме им нудат и обука за јазик. Значи може тоа да биде италијански, шпански, француски, зависно од тоа во која земја заминуваат. Исто така, го доусовршуваат англискиот јазик, кажа, д-р Емилија Арсов, проректор на земјоделски факултет

Студентите кои веќе биле дел од Еразмус програмата се задоволни од искуството во странство и истото го споделија со своите колеги.

  • Поминав 6 месеци во Шпанија, односно во Картагена. Имав преубаво искуство. Сите беа расположени да ми помогнат, професорите беа спремни да излезат во пресрет, да помогнат за секоја препрека која ја имав, рече, Стефан Ѓоргиев, студент

Еразмус плус програмата е наменета за сите редовно запишани студенти при УГД кои имаат завршено најмалку 2 семестри од студиите. Во зависност од договорот, студиската размена може да се реализира во 6 или 12 месеци. Оваа година, најголем интерес студентите пројавиле за универзитетите во Шпанија, Португалија и Италија.

SHARE

LEAVE A REPLY