Околу 200 штипски стечајци чекаат на законски измени

Околу 200 штипски стечајци чекаат на законски измени. Сите тие, поднеле документи за обештетување, но поради приватизацијата на претпријатијата, односно поради наводни спогодбени откази, за нив пари од државата засега нема.

Новите законски измени, денес на нив им ги образлагаше стечајната лидерка Лилјана Георгиева, давајќи им нова надеж за егзистенција:

  • Со ова ќе с еопфатат и оние стечајни работници кои работеле и во акционерските друштва, но услов е да биле таму за време на трансформацијата. Оване важи за оние фирми кои ги смениле матиочните броеви, кажа Лилјана Георгиева, прет. на Унит.

Сепак, спорни остануваат оние стечајни работници кои своевремено тврдат дека биле изманипулирани да потпишат спогодбени откази. Има ли надеж за нив:

  • Преговараме за во иднина да се направат дополнувања на член 4 и со Законот д абидат опфатени и оние работници кои под притисок потпишале спогодбени решенија з аотказ, но при тоа не добиле никакво обештетување, дополни Георгиева.

Првично, т.н. стечаен закон требаше да опфати 3.000 стечајни работници, но нивниот број не е поголем од 1.200:

  • Во Штип досега се доделени околу 200 решенија, а околу 180 се проблематични, но сметам дека со измените и тие ќе бидат опфетени со Законот, рече Кемаледин Арсланов, прет. на Унит – Штип.

Очекувањата се дека со новите законски измени, на ниво на држава ќе бидат опфетени уште 1.500 стечајни работници.

 

SHARE

LEAVE A REPLY