Приказната за руските емигранти во Македонија раскажана низ фотографии и документи

Приказната за руските емигранти во Македонија раскажана низ фотографии и  документи, денес повтоно се прераскажуваше. Судбината на стотици руски емигранти, кои во Македонија дошле во периодт од 1920 до 1940 година, преку нивни лични фотографии и документи, поставени на 28 паноа, беше презентирана во Штип:

  • Станува збор за луѓе кои биле исклучително напредни и стручни. Тоа биле врвни градежници, лекари, уметници и тие активно учествувале во обновата на Македонија. преку ова аизложба им оддаваме почит и благодарност, кажа Јасмина Дамјановска, советник во Државен архив на РМ.

Првите рускии колонии во Македонија се формирани во Скопје, Битола и Штип. Само во Штип, во период од две децении дошле над 200 емигранти во Русија:

  • Од сверата на културата би го споменала Сергеј Михајлов, основоположникот на музичкото училиште и човекот заслужен за изведба на првата опера во Штип. Во делот на лекрската фела овде е Људмила Смирнова која ги формира првите детски јасли, детското одделениа во болницата и многу други, кажа Верица Јосимовска, историчар.

Најголем дел од потомците на овие луѓе денес живеат и придонесуваат за развојот на Штип. Едно од нив е семејството Троицки:

  • Мојот татко емигрирал од Русија на свои 16-17 години. Дошол овде заедно со бранот воници и овде останал. Семејството Троеицки е големо семејство и негови потомци има во Украина, Белорусија, Сибир, а некои сме во Штип, кажа Стојан Троицки, син на руски емигрант.

Некогашните емигранти и нивните семејства  и денес е голем мост на спојување помеѓу макдонскиот и рускиот народ:

  • Многумина Руси и сега живеат овде и давата свој придонес како за Русија така и за Македонија и, воопшто, за зацврстување на руско-македонските врски, истакна Михаил Лушин, аташе за култура во амбасада на Русија во Македонија.

Изложбата „ Русите во Македонија 1920-1940“ заеднички ја организираа Државен архив на Македонија, Руската амбасада и Универзитетот „Гоце Делчев“.

 

SHARE

LEAVE A REPLY