САСА ќе инвестира милион евра во нова технологија

САСА ќе инвестира милион евра во нова технологија. Станува збор за машина за флуктација со чија употреба, производството на олово-цинкова руда ќе се зголеми за 2 %. Инсталацијата на новиот СМД млин започна деновиве и тоа е прво вложување во ваков вид опрема по период од цели 40 години:

  • Новата постројка, која е единствена од ваков вид во земјава, ќе ја зголеми ефикасноста и сигурноста на технолошкиот процес на извлекување на цинковиот концентрат од рудата која се ископува во САСА, објасни Јовица Велиновски, управник на погон за флуктација во рудник „Саса“.

Во меѓувреме, рудникот за олово и цинк САСА постави нов рекорд – 500 дена без повреда на работно место. Тоа е најдолг временски период на денови без повреда на работно место во оваа индустрија во земјава, но и пошироко. Претходниот рекорд на денови без повреда во рудникот САСА, во периодот од 11 години од рестартирањето на рудникот, изнесуваше 210 денови:

  • Среќни сме и горди на ова достигнување кое е резултат на заедничата работа на сите вработени и преземените мерки за заштита и почитување на процедурите. Како менаџмент планираме и понатаму да вложуваме во безбедноста на рударите и сите вработени во рудниот САСА, затоа што заштитата на здравјето и безбедноста е највисок прироритет за сите нас“, изјави генералниот директор на САСА, Неил Стевенсон.

Заради одбележување на ова значајно достигнување, сите вработени во компанијата добија парична награда, а беше организирана и пригодна свеченост. Рудникот Саса е најголем рудник за олово и цинк во државата и во него работат околу 700 вработени.

 

SHARE

LEAVE A REPLY