Со кредит од 120 милиони евра државата ќе ги покрива долговите на општините

Со кредит од 120 милиони евра државата ќе ги покрива долговите на општините. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев кој рече дека одлуката е веќе донесена државата да подигне кредит и да го пренесе на општините да ги исплатат своите обврски кон добавувачи. Кредитот во висина од околу 120 милиони евра, ќе го враќаат општините на подолг период од 15 или 20 година со ниски каматни стапки:

  • Ние веруваме дека на тој начин ќе ги растовариме општини, ќе им дадеме ветер во грб за нивното унапредување во иднина, но иста така овие пари стигнуваат и до домашните компании на кои им должат општинит, изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

Ваквите најави се повеќе од добра вест з аопштините од Истокот каде од вкуно 11 градоначалници, мандатпт со блокирани сметки го запоичнаа дури девет:

  • Според првичните сознанија имаме побарувања од доверителите во висина од 22 мил. денари; обврски кон Светска банка од 18,6 милиони денари, неисплатени обврски кон советници од 1,1, милион, кажа Звонко Пекевски, градоначалник на Берово.
  • Најдоцна до крајот на месецот очекуваме сметката да се деблокира и да почнеме да ги извршуваме обврските кон граѓаните, рече Јордан Насев, градоначалник на о. Карбинци.

Очекувањата се дека до крајот на 2018 година, општините ќе бидат подготвени да преземат реализација на капитални проекти односно да ги преземат изградба на градинки, училишта, како и раководењето на домовите на култура и дел од здравствените установи да се симне на локално ниво.

Плановите на државата се на локално ниво да се пренесат и управувањето на шумите и земјоделското земјиште, како и изградбата на патишта со цел да се зајакнат капацитетите на општините.

SHARE

LEAVE A REPLY