Стефан Штерјов со сребрен медал на турнирот „Злати Динев Родев“ во Бугарија

Изминативе денови двајца млади борачи на БК Балканец, Стефан Штерјов и Дарио Димитров, беа дел од македонската репрезентација и учествуваа на Меѓународниот турнир за деца до 15 години “Злати Динев Родев” кој секоја година традиционални се одржува во градот Галабово, соседна Бугарија.

Во категорија до 41кг. Стефан Штерјов по извојувани три победи, во првото коло против Гомбош Алекс од Унгарија, во второто коло против Лумиа Паоло од Италија и полуфинале против Неждет Исмаилов од Бугарија, во финалната борба за златен медал е поразен од борачот Лука Гугешашвили од Грузија.

Тој го освои одличното второ место во конкуренција од тринаесет борачи во неговата категорија.

Екипата беше предводена од тренерот Давор Тасев, а на овој турнир судеше и штипјанецот Марјан Лазаров, кој е со највисока меѓународна судиска категорија од Македонија.

SHARE

LEAVE A REPLY