Трагикомични натпревари со по 16 голови се случуваат во првата женска лига

Женскиот фудбал, поточно првата женска фудбалска лига доживува својствена за себе трагикомедија со натпревари кои завршуваат и со по 16 постигнати голови. Иако е реално во фудбалот понекогаш да се случат ситуации во кои ќе се постигнат над 10 голови, сепак во македонската женска лига тоа не е исклучок, туку повеќе правило.

Последното, 3. коло, помина токму во знакот на дождот од голови, кои многу повеќе потсеќаат на ракомет, отколку на фудбал.

Најдраматично беше во Скопје, каде екипата на ЊуЈорк загуби од фаворитот во лигата Драгон со 0:16. Ништо помалку понижени не беа ниту фудбалерките од Македонска Каменица, кои на домашен терен загубија од велешки Борец со 0:14. Тиверија во Струмица го совлада конкурентскиот Топ Гол со 11:0. Атлетико славеше над ЖФК Кочани со 6:0, а преостанатите два натпревари од колото беа единствените со разумен фудбалски изход. Истатов славеше над Ас Јунајтед со 3:1, а Речица дома загуби од Тетово со 0:2.

На првите три позиции на табелата борбата ја водат Драгон, Тиверија и Истатов, кои имаат по еднаков број на бодови, 9.

SHARE

LEAVE A REPLY