Утре реванш четвртфинални натпревари во одбојкарскиот Куп

Утре ќе се знаат патниците во полуфиналето на Купот на Македонија во одбојка, откако ќе се одиграат реванш четвртфиналните натпревари. Во женска конкуренција, одбојкарките на УГД Студент гостуваат во Скопје кај екипата на Јанта Волеј. Машката екипа на студентите, пак, во Штип во спортската сала „Јордан Мијалков“ со почеток од 17.30 часот ќе ги одмери силите со велешки Борец, против кого треба да обезбеди победа за пласман во полуфиналето.

Инаку, претходно, во рамките на државните првенства, и двете екипи на УГД Студент беа поразени од противниците. Дома, во Штип, дамите на УГД Студент во крајно неизвесен натпревар и изгубени сетови со по само 2-3 поени беа поразени од Наковски Волеј со 0:3. Машката екипа, пак, загуби од Лешок во Тетово со 3:0.

SHARE

LEAVE A REPLY