Природа и здравје – Домашен лек за уринарна инфекција

Инфекциите на уринарниот тракт или уринарните инфекции, по респираторните, претставуваат најчести воспаленија предизвикани од микроорганизми, а воедно се и главна причина за препишување антибиотик.

Како и кај повеќето здравствени нарушувања, така и при овој проблем, алтернативната медицина „истрчува“ напомош.

Потребни ви се следниве билки за да си помогнете во домашни услови: 20 гр. бреза; 20 гр. жалфија; 20 гр. мечкино грозје; 20 гр. бел слез; 20 гр. Кантарион.

Начин на подготовка:

Состојките добро промешајте ги и земете пет супени лажици од билната мешавина кои ќе ги потопите во еден литар вода која врие.

Оставете го чајот да преврие околу десетина минути а потоа да отстои преку ноќ.

Поделете го чајот во пет еднакви дози и испијте го во текот на денот во временски интервал од два до три часа.

SHARE

LEAVE A REPLY