Природа и здравје – масажа со лажица против целулит

Сите генијални идеи се едноставни! Ова уште еднаш го докажа д-р Рене Кох од Германија, кој измислил уникатен начин за масажа со помош на прибор за јадење.
Техниката за масжа со лажица на Кох бара малку време, нема да потрошите пари и нема потреба од посебни вештини. Потребно Ви е малку повеќе упорност и да купите две сосема нови лажички за масажа.
Лажиците треба да бидат топли или студени, а ако практикувате ваков тип масажа како резултат ќе го намалите вишокот на течност од ткивата, ќе ја подобрите циркулацијата на крвта, мускулите ќе Ви станат поеластични, а контурите на лицето појасни. Можете да ја практикувате на лицето, вратот и деколтето.
Правилата за движење на лажицата се следни:
• Главното движење е кружно.
• Прво, во насока на стрелките на часовникот, потоа обратно.
Кожата треба да биде чиста, без шминка, а како база за масажата можете да користите креми или природни есенцијални масла.
Идеално време за масажа е веднаш по будењето.
На ваков начин ќе придонесете и за релаксација на мускулите, па дури можете да се ослободите и од целулитот.
Мало појаснување за антицелулитната масажа. Ви треба ладна лажица и крем/ лосион, обичен или антицелулитен. Прво, масирајте ја внатрешноста на бутот , а потоа и надворешниот дел. Резултатите ќе бидат видливи за краток временски период.

SHARE

LEAVE A REPLY