Природа и здравје – Со нане против стомачни тегоби

Гастритисот, особено во комбинација со запек или дијареа е, не само многу непријатно, туку и болно искуство.

За деновите да не ги минувате со болки предизвикани од гастритис, чир или други стомачни и желудечни проблеми, користете го рецептот на познатиот бугарски билкар и визионер дедо Влахо.

Според него, чајот од нане одлично ќе се справи со сето она што неправилната исхрана му го преави на желудникот. Ефикасно ги елиминира гасовите од цревата, ги ублажува грчевите и болките. Дедо Влахо препорачува чај од нане да се пие секој ден, особено ако имате дијагностицирано гастритис или чир.

Чајот треба да се користи во почетокот на денот. Во 200 мл топло млеко се додава  5 гр невен и  уште толку суво нане, маслиново масло и иста количина мед. Сето ова се меша, цеди и се пие еден час пред појадок.

Комбинацијата од мед, млеко и масло ќе го заштити ѕидот на желудникот од оштетување, ќе помогне да се регенерираат старите чиреви и ќе спречи појавата на нови.

SHARE

LEAVE A REPLY