ВИДЕО: Замина уште една актерска легенда – Почина Јелена Жигон или „Прија“ од „Жикина династија“ !

Српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон почина во Белград по кратко боледување на 85-годишна возраст.

Жигон сними над 50 играни и 15 телевизиски филмови меѓу кои „Првиот граѓанин на малиот град“, „Мојата страна на светот“, „Утро“. На просторите на поранешна Југославија најголемата популарност ја стекна со улогата во серијалот „Жикина династија“ каде ја толкуваше улогата на Јелена Тодоровиќ популарната Прија.

Таа е добитничка на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година, како и на други бројни југословенски и меѓународни признанија.

Во декември, актерката беше гостинка во нашата емисија Патот до успехот, каде по 20 години за првпат зборуваше за својот живот и кариера. Родена е во Белград и во својата актерка кариера има запишано безброј театарски улоги.

На 16 години се запишува на факултетот за драмски уметности каде нејзиниот иден сопруг бил асистент. По една година помината во Париз каде била манекенка, Јелена се враѓа во Белград и се посветува на семејството и кариерата.

Јелена и Стево беа родители на ќерката Ивана, денес успешна актерка и режисерка и синот Никола, сликар. Таа е единствената актерка од бивша Југославија која ја има добиено наградата за животно дело „Сергеј Бондарчук“ на меѓународниот форум „Златен визтез“ во Русија.

LEAVE A REPLY