ВИДЕО: По Ердоган, српскиот министер Дачиќ му пееше на уво и на грчкиот колега Коѕијас !

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, синоќа организираше вечера во чест на својот грчки колега Никос Коѕијас, кој денеска доаѓа во Охрид на нова рунда преговори за името.

Дачиќ има обичај да им отпее нешто на мајчин јазик на своите гости, но и самиот Коѕијас овојпат имал една музичка желба.„Тој го замоли Дачиќ да му ја отпее ‘Таму далеку‘, кажа дека тоа е најубавата песна на светот“, откри извор од вилата „Мир“, кадешто се одржала вечерата.

Дачиќ не пропуштил прилика да отпее и нешто на грчки и, како што објави весникот „Блиц“, тоа била песната „Mi mu timonis matia mu“, по што му ја исполнил желбата на Коѕијас.Инаку, не е прв пат Дачиќ дфа пее…му пееше и на Ердоган пред некој месец за време на неговата посета на Белград.

LEAVE A REPLY