Штип се гуши во ѓубре, обвини на прес ВМРО ДПМНЕ . „ Исар“ редовно си ја врши работата, возвратија од Комунална хигиена

Штип се гуши во ѓубре, обвини на прес ВМРО ДПМНЕ. Како пример посочија дива депонија која се наоѓа на влезот во населбата Три Чешми:

  • Оваа дива депонија се наоѓа на ова место веќе неколку месеци, и од ден на ден се зголемува, а градските власти се „слепи“ и не превземаат ништо. Во текот на кампањата Градоначалникот остро критикуваше за наводните купишта ѓубре и градежениот шут низ Штип. Заедно со СДММ, организираа божемни акции за собирање на отпад низ населбите. Меѓутоа, откако СДС дојде на власт, градот тоне во ѓубре. На Штип му се случува целосна хаварија во последно време. Расфрално ѓубре на сите страни и полни контејнери, се веќе редовна појава во сите населби. Затоа, Штипјани бараат градските власти да се разбудат од 5 месечниот сон откако ја презедоа контролата во општината и конечно да започнат со работа, кажа на прес Филип Мајсторски, советник во СО – Штип.

„Исар“ постојано ги чисти дивите депонии, но за целосно справување со нив, на терен мора да излезе и комуналната инспекција. Конкретно во Три Чешми е отстранет контејнер кој непрописно се користел за фрлање на шут, а сега на тоа место несовесни фрлаат сé и сешто, возвратија од „Исар“:

  • Населбата Три Чешми се состои од куќи и секоја од нив си има своја канта за ѓубре. Истото се собира еднаш неделно, односно секој петок и тоа се прави редовно, објасни Љупчо Панајотов, рак. на Комунална хигиена – Штип.

На пресот на ВМРО ДПМНЕ реагираше и градоначалникот Благој Бочварски:

  • Наместо да излегувата на прес конференции, го повикувам ВМРО ДПМНЕ да ни се придружи во акцијата за почист Штип и да дојде со нас да чисти. Утре сме во Дузлак, рече градоначалникот Бочварски.

SHARE

LEAVE A REPLY