Бобан Николов го постигна првиот гол во дресот на Видеотон

Поранешниот фудбалер на Вардар, штипјанецот Бобан Николов, кој сега настапува во дресот на претендентот на унгарската круна, Видеотон, го постигна првиот гол во дресот на овој тим.

Погодокот се случи на натпреварот меѓу Хонвед и Видеотон во рамките на 25. коло од унгарскиот шампионат. Во 35. минута од натпреварот, кога Николов ја искорити хаотичната состојба пред голот на домашната екипа на Хонвед и успешно стрелаше за 0:1.

До крајот на натпреварот очекувано Видеотон славеше со високи 1:4.

Токму Видеотон е главен ривал на Ференцварош во трката за првата позиција во унгарскиот шампионат.

Со овој гол Николов дефинитивно станува соучесник во таа борба за првата позиција и освојувањето на трофејот на Унгарија.

SHARE

LEAVE A REPLY