Проектот за гасификација, Штип ќе го плати седум пати поевтино од планираното

Проектот за гасификација, Штип ќе го плати седум пати поевтино од планираното. Наместо 95.000 евра колку што беа предивдени, општината за изработка на идеен и основен проект ќе плати 12.000 евра.

Тендерот за избор на фирма е веќе завршен и избран е најповолниот понудувач :

  • Ќе се изработи идден и основен проект за изведба на 20 километри гасификациона мрежа. Јавната аукција е завршена, учествуваа пет компании од кои најповолна понуда даде компанијата „Проект“ од Куманово, изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Избраната компанија со работа на проектите започнува веднаш и има краток рок истите да ги заврши :

  • Изведувачот има рок од 3 месеци да го изработи идејниот проект и дополнително за уште 3 месеци да го заврши и основниот проект, истакна Бочварски.

Доколку се оди според планираното, Штип ќе биде првиот град од Регионот кој ќе го спроведе процесот на гасификација.

Со неа, се очекува да се намали гагадувањето и воедно Штип да биде почиста и поздрава средина за живеење. Исто така, ова ќе значи и голема заштеда на енергија и сметки кои би биле  помали од 40-70%.

SHARE

LEAVE A REPLY