Се уредува просторот пред Пензионерскиот дом

Со 2,7 милиони денари, општина Штип го разубавува централното градско подрачје. Се работи на уредување на платото пред Пензионерскиот дом во Штип, место кое за околу 30 дена ќе добие комплетно нов лик.

Но, освен на поплочување на просторот, се работи и на замена на сите подземни инсталации :

  • Завршивме со реконструкција на канализационата мрежа, којашто беше проблем на граѓаните кои живеат во овој дел на градот. Заменета е и водоводната линија, а во моментов се работи на атмосферската канализација, изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Дополнително, на еден дел од овој простор ќе биде изградена и модерна фонтана, по сите стандарди:

  • Фонтаната ја дадовме на тендер и за 10-тина дена треба да се избере најповолниот понудувач, дополни Бочварски.

Средствата за реализација на активностите се одвоени од општинскиот буџет, а на терен работат екипите на јавното претпријатие „Стипион“.

SHARE

LEAVE A REPLY