Во Штип се мести по една коцка бехатон дневно, обвини на прес ВМРО

 

Во Штип се мести по една коцка бехатон дневно, обвини на прес ВМРО ДПМНЕ. Според нив, Стипион три месеци не може да го среди просторот околу пензионерскиот дом, па граѓаните се движат по кал и прашина:

  • Поставувањето на бекатон плочки за ЈП “Стипион” се чини дека е една од најкомплексните работи во градежната индустрија, па мака се мачи како ова мало место кое е едно од најфрекфентните во штипската чаршија да се врати во нормална состојба за граѓаните да можат слободно да се движат без да внимаваат како да ги избегнат ископите и да не се повредат. Исто така да не заборавиме дека на овој простор голем број трговци го заработуваат својот леб,а со градежните активности достапот до дуќаните е отежнат и тешко пристапен.  Апелираме властите веднаш да се зафатат со решавање на овој проблем и овој простор кој со месеци е тешко пристапен да го стават во функција, кажа на прес Трајче Здравков од  ВМРО ДПМНЕ-Штип.

Од друга страна , од Општината информираат дека досега на овој простор се вршеше комплетна замена на водоводната и канализационата мрежа, нешто што овде не е направено последните 50 години.

Откако тоа е завршено, се преминува на уредување на просторот кое ќе опфаќа поплочување, изградна на фонтана и хортикултурно уредување.

Целата инвестиција е 2,7 милиони денари, а градежните работи треба да завршат најмногу за 30 денови.

На обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ, од СДСМ одговорија со писмена реакција:

Од суштина испразнетите настапи на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип се резултат на нивната безидејност и политичка некомпетентност. Сакајќи да го свртат вниманието на јавноста од хаосот и проблемите во сопствената партија, тие се заглавуваат во сопствената мрежа лаги. Со едно ќе се согласиме: да, ВМРО-ДПМНЕ се експерти за набавка на бехатон плочки. Не можејќи да се помират со фактот што на повеќе локации во градот се работи, се уредува и се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, излегуваат со небулозни пресметки колку бехатон плочки на ден мести ЈП “Стипион 2011”.
Уредувањето пешачка инфраструктура ќе биде во целост квалитетно и трајно за генерациите понатаму. За да не си го трошат времето и да не се мачат со комични прес конференции и во иднина, ги известуваме дека пролетва ќе се средуваат сите урбани заедници, секој дел од градот кој беше запоставен и уништен од поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

SHARE

LEAVE A REPLY