Заев нема да го урива споменикот на Александар Македонски на скопскиот плоштад !

По завршувањето на преговорите за името, ако има договор, за тоа ќе мора да се изјаснат и граѓаните на Македонија, референдум за името ќе има секако, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.

Во врска со соработката со опозицијата, Заев вели дека за преговорите за името немаат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но имаат разбирање од нив.Премиерот Заев вечерва изјави дека споменикот на Александар Велики во Скопје нема да се урива.

„Сѐ што имаме ни е македонштината. Но, на граѓаните им требаат повеќе пари, подобар живот и затоа се надеваме дека ќе имаме достоинствено решение за името со Грција. Грците имаат разбирање за тоа дека не треба да се чепка во идентитетот”.
Заев вели дека во мај ќе има средба со неговиот грчки колега Алексис Ципрас.

LEAVE A REPLY