Кочани ја започнува сезоната на асфалтирање

Кочани ја започнува сезоната на асфалтирање. Во тек е постапка за санација и реконструкција на повеќе улици во Општината:

  • Реализирани се јавни набавки за асфалтирање на улиците „Вера Которка“ – крак 2, 3 и 5,  „Карпошово востание“, „АСНОМ“, „Скопска“,  „Петар Синадинов“ и  „555“ во Прокарка и  секако „Стамен Манов“ во Ромското Маало, изјави Влатко Димитров, рак. на Сектор за урбанизам во о. Кочани.

Она што за градоначалникот на Кочани е особено важно е намалувањето на цената за изведување на градежните работи, што овозможи истите да се реинвестираат:

  • Ние успеавме во јавните набавки да заштедиме 6 милиони денари, средства кои веднаш денеска, на координација, се надеваме до крајот на неделата и на седница на Советот тие ќе бидат пренаменети, кажа Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Во претстојниот период ќе се асфалтираат улици и во селата Горни и Долни Подлог, Прибачево, Грдовци, крак на улицата „Маршал Тито“ во селото Мојанци и во Тркање, а ќе се работи и на пробивање и тампонирање на улици како подготовка за асфалтирање.

Имајќи ги предвид состојбите со повеќе неодамна асфалтирани улици и потребите од поправки, најавено е дека посебно внимание ќе се бара од надзорот на градежните работи.

SHARE

LEAVE A REPLY