Жолтото глуварче од антички времиња е ценето поради своите докажани лековити својства. Се користи за лекување на инфекции, жолчни и црнодробни заболувања, а се користи и како моќен диуретик.
Дали знаевте дека глуварчето е едно од најефикасните средства за ублажување на болката во зглобовите и мускулите? Докажано е дека антивоспалителните својства на глуварчето помагаат во лекувањето на артритис и гихт. Глуварчето ги елиминира грчевите и главоболката.
Денеска ќе Ви помогнеме во домашни услови да си подготвите од волшебниот лек – масло од глуварче.
Потребни состојки:
– 500 грама цвеќиња од глуварче
– 1 литар маслиново масло
Начин на подготовка:
На сончева светлина собирајте ги цветовите од глуварче и ставете ги во тегла. Немојте да ги миете цветовите, треба да ги земате од чисти подрачја.
Додадете го маслиновото масло во теглата, потоа затворете ја со чиста газа и ставете ја на сончево и топло место три недели.
Вака подготвеното масло се чува во шише на темно и ладно место – фрижидер или подрум.
Со вака одготвеното масло, треба да се мачка болното место неколу пати на ден. Може дури, одвреме – навреме неколку капки од ова месло да се стават во салата.