Санација на селски јаз во Блатец

Општина Виница и ЈКП “Солидарност“ деновиве работат на санација на селски јаз под црквата “Св.Илија“ во Блатец. Овој јаз кој меѓу Блатчани е познат како Пааренска вада, во текот на зимата предизвикал комплетно оштетување на селскиот асфалт кој целосно е пропаднат и има огромни дупки.

Со оваа санација се очекува надминување на овој проблем, но неопходна е и итна интервенција од нов слој асфалт и крпење на дупките кои веќе им ги амортизираа автомобилите на жителите нба Блатец.

 

SHARE

LEAVE A REPLY