Утре Делчево домаќин на Првата и Младинската бокс лига

Утре во Делчево ќе се одржи третото коло од Првата и Младинската бокс лига на Македонија. Домаќин на колото е екипата на Тигар МБМ. Мерењето ќе трае од 9.30 до 10.30 часот, а борбите ќе се одржат со почеток од 15 часот. Пелистер од Битола и Тигар МБМ од Делчево се водечки екипи во сениорска конкуренција, додека прилепски Ас е на чело во младинска конкуренција пред екипата на штипски Пинк Пантер.

SHARE

LEAVE A REPLY