Утре Кочани домаќин на Драганица Куп 2018

ФК Осогово е организатор на традиционалниот меморијален Драганица Куп 2018, кој секоја година се одржува во чест на Драган Михајлов Драганица.

На купот ќе настапат фудбалери на младинските фудбалски школи родени 2003 година, а пријавени клубови учесници се детските екипи на ФК Осогово од Кочани, ФК Слога 1034 од Виница, ФК Беласица од Струмица и ФК Плаковица од Радовиш.

Натпреварите од Драганица Купот ќе започнат утре во 9 часот на градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, а влезот за публиката ќе биде слободен.

SHARE

LEAVE A REPLY