Утре трансферзално планинарење на Плачковица

Утрешната тура на кампањата „Планинарски предизвик 12 врвови“, која има за цел актуелизација на помалку познатите планинарски дестинации во Македонија, ќе се одржи на планината Плачковица.

Планинарењето ќе оди по трансферзална линија Блатец – Чупино Брдо – Виница, кое се движи во рута во должина од 20 километри, при што висинската разлика од почетна точка до врвот е 1.015 метри, вкупното искачување по целата патека е 1.371 метар, а апсолутната висинска разлика изнесува 1.325 метри.

Патеката предвидува и псоета на доцно античкиот локалитет Виничко Кале.

Искачувањето на Чупино Брдо ќе биде седмо од кампањата „12 врвови“, по кое следуваат уште 5 врвови во следните 5 месеци на територијата на цела Македонија.

SHARE

LEAVE A REPLY