Формирано ново Здружение на медицински сестри

Медицинските сестри од државата се обединија во ново Здружение. Бараат да се формира сестринска комора, преку која на организиран начин, ќе може да ги остварат своите права.

Здружението „За нас“ е формирано декември минатата година, и засега од Штип брои 80 членови :

  • Здружението има цел да медицинските сестри, стоматолошките сестри, техничарите и акушерките да формираме, односно да бидеме дел од Комората, како што знаете дека лекарите ја имаат својата лекарска Комора, кажа Гордана Митева, Здружение „За нас“.

Со ова, медицинските и стоматолошките сестри, како и акушерките и техничарите ќе можат да ги истакнат состојбите во нивната професија, меѓу кои се условите за работа и платите :

  • Финансиската ситуација засега е релативно задоволувачка, исто така почнуваме со задоволувачки услови за работа, затоа што знаете дека секој почеток е тежок, додаде Митева.

Но, ќе се борат и за подобрување на условите за пациентите :

  • Ние сме и етички и морално расположени, така да мораме најпрво да мислиме на пациентите, да се подобрат условите и за пациентите, истакна Митева.

Меѓу другото, од Здружението „За нас“, бараат и Закон за сестринство, како и враќање на достоинството на професијата, со што ќе се спречи одливот на млад образован кадар надвор од државата.

SHARE

LEAVE A REPLY