Австријците повеќе ја сакаат БиХ во ЕУ отколку Македонија: 26% гласаат за нас но дури 41% се против !

Австријците повеќе би ја сакале Босна во ЕУ, отколку било која друга држава од Западен Балкан, а најмалку Турција, покажува истражување спроведено воочи утрешното претставување на извештајот за напредок на земјите кандидати. За Австријците Србија и Црна Гора се поприфатливи од Македонија, зад која се Косово и Албанија.

Од пристапувањето на Хрватска во ЕУ пред пет години темата за проширување за Австријците падна во друг план. Подршката за поедини кандидати од Западен Балкан и поред благото подобрување, и понатаму е на ниско ниво, но интересно е дека опаѓа одбивањето- вели Пол Шмит, генерален секретар на Австриското друштво за европска политика (OeGfE).

Пристапот на Босна и Херцеговина во ЕУ го подржуваат 31 отсто Австријци, а 36 отсто се против, додека 24 проценти кажале дека им е сеедно дали оваа држава ќе стане членка на ЕУ. Во случајот на Србија 29 отсто го подржуваат членството, но дури 45 отсто се против, а 15 отсто се рамнодушни по тоа прашање.

Слично е и со Црна Гора, 29 отсто за, 39 против, а 24 проценти им е сеедно. Кога станува збор за Македонија 26 отсто би го подржале нејзиниот влез во ЕУ, но 41 отсто се против, а 22 отсто се рамнодушни кон тоа прашање.

Во однос на Косово и Албанија по 26 проценти се за нивно членство, но по 46 отсто се против, а 22 отсто им е сеедно. За приемот во Турција против се дури 76 отсто Австријци, 13 отсто им е сеедно дали Анкара че пристапи кон Унијата, а само седум отсто се за.

LEAVE A REPLY