ВИДЕО: Француски новинар шокираше со изјавата дека муслиманите истиснуваат Французи од

Новинарот Ерик Земор реагирал на неодамнешното брутално убиство на Еврејката Мариел Кнол која го преживеала Холокаустот за да во 85 година од животот биде убиена од страна на мигрант во Париз. Земор вели дека сигурно е убиена бидејќи беше Еврејка и додава дека сепак анти-семитизмот не е вистинската причина поради која луѓето стануваат жртви.

“Убиваат луѓе затоа што се Французи, затоа што се Евреи, Христијани, затоа што се неверници, како тоа што се вели во муслиманската вера”, вели познатиот новинар.

Земор заклучил дека расте бројот на луѓе кои се не-муслимани и ги напуштаат областите во кои живеат муслимани, па така во тие области муслиманското население е мнозинство.

“Конечниот резултат е да имаме се повеќе и повеќе територии, на кои живее исклучиво муслиманско население, затоа што другите луѓе бегаат поради деликвенцијата и насилството кои цветаат”, додал Земор.

 

LEAVE A REPLY