По прегазувањето на момчето во општина „Ѓорче Петров“, граѓаните го бараат градоначалникот, него никаде го нема !

Откако на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров беше прегазено десетгодишно дете, револтираните жители на оваа скопска населба се собраа на протест и го блокираа сообраќајот на споменатата делница.

„Ао не го викнете градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, за половина час, ќе гори цела населба“, му рекоа собраните граѓани на заменик командирот од полициската станица Ѓорче Петров, кој беше меѓу на улицата Борис Серафов, за да ги слушне барањата на граѓаните.

Полицијата ја повлече увидната екипа и образложи дека нема услови за работа поради граѓаните кои демонстративно се собраа, бидејќи не е прв пат на оваа улица да се случуваат вакви несреќи.

Полицијата потоа замина во Ургентниот центар каде е сместено момчето.

LEAVE A REPLY