Џејмс Коми, бившиот директор на FBI за Трамп: „Тој е морално неподобен за претседател“ !

Доналд Трамп е „морално неподобен“ да биде претседател на Соединетите држави, изјави поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми во интервју за Еј Би Си.

„Не мислам дека тој е здравствено неподобен да биде претседател. Мислам дека е морално неподобен за претседател“, вели Коми, додадавјќи дека Трамп не е способен да ги претставува основните американски вредности.

Трамп го отпушти Коми во мај 2017 година поради неговото однесување во истрагата во врска со можната поврзаност на изборниот штаб на Трамп со Русија. Во неделата Трамп на Твитер го нападна Коми дека бил најлош директор во историјата на ФБИ.

LEAVE A REPLY